Заев-Гаши: Постигната начелна согласност за програмските аспекти

На средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, кои со своите тимови имаа работна средба во Клубот на пратеници, е постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните.

На тој начин, се додава во соопштението, ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите актуелни предизвици како што се COVID-19 пандемијата и глобалната енергетска криза. – Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт, стои во соопштението на владината прес-служба. Во деновите што следат, ќе продолжат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу премиерот Заев и претседателот на Алтернатива, Гаши со нивните тимови.

Пред почетокот на средбата премиерот Заев не сакаше да коментира ништо, и најави дека по нејзиното одржување ќе следи соопштение.

– Не може да кажеме ништо пред да се одржи средбата, рече кусо Заев во одговор на новинарско прашање за коментар за барањата на Алтернатива за влез во Владата.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши пред одржувањето на средбата посочи дека определба на партијата е да се даде шанса за излез од политичката криза, како и од енергетската и здравствената криза и како што рече, да ѝ се помогне на државата да не ја изгуби историската шанса да започне преговори за членство во ЕУ.

– Ќе видиме каков е концептот на премиерот и неговите сегашни партнери и што очекуваат од нашиот придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, мислам дека Алтернатива е подготвена да помогне, рече Гаши.  

Одговарајќи на новинарско прашање колку министерски места очекува неговата партија, претседателот на Алтернатива посочи дека за партијата тоа никогаш не било од суштинско значење и оти за неа е важно да се разговара за политичките критериуми.

– Тоа прашање е втор дел кој е секундарен за нас и многу понебитен од првиот кој е нормативен, околу концептот кој ќе го градиме заеднички и дали ќе можеме да ги отстраниме тие пречки при досегашното функционирање на Владата, рече Гаши.

Тој вели дека партијата останува на ставот дека во интерес на сите граѓани е да нема брзи избори.

Во врска со тоа дали за Алтернатива е прифатливо нов мандатар односно премиер да биде Димитар Ковачевски од СДСМ, кој во моментов е заменик-министер за финансии, Гаши кусо рече дека за нив е битно концептуално да се договори концептот, а не тие да одлучуваат за кадровски решенија на другите политички партии.

– Ние преговараме со СДСМ и со другите партнери и многу ни е битно да се договориме концептуално како ќе продолжиме понатаму. Какви одлуки ќе донесат СДСМ и другите партии мислам дека е неодговорно и несовесно ние да поставуваме такво прашање. Не е одговорно ние да бараме од друга партија кој ќе биде мандатар или премиер. Мислам дека таа работа е на СДСМ, таа е најголема партија и тие треба да одлучат кој е нивен претседател или мандатар, рече Гаши.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе