Заев: Ќе се вакцинирам против Ковид, верувам во безбедноста на вакцината

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на COVID-19.

– Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти. Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на COVID-19, рече Заев на прес-конференција во Владата.

Нашата држава, истакна, го следи секој чекор на развој од сите клинички студии за вакцината.

– Верувам во безбедноста на вакцината и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето. Граѓаните треба да бидат спокојни, државата нема да штеди за оваа намена, рече Заев, додавајќи дека верува оти следната година ќе ја сменат целокупната слика за пандемијата во светот.

Преку Ковакс механизмот, информира, обезбедиле 833 илјади вакцини. Дополнителни количини, како што посочи, ќе бидат обезбедени преку директните преговори со компаниите за кои создаваат услови и кои компании ги создаваат вакцините, како и преку Европската Унија која ќе обезбеди дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа, надвор од ЕУ.

– Западен Балкан ќе биде вклучен во набавката на вакцината што ќе ја спроведе ЕУ за нејзините земји членки, а нашиот сосед Грција интензивно работи да ја добиеме вакцината заедно со останатите европски држави. Понудија помош Бугарија, Полска, и многу други земји, рече Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека на почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите за температура на -70 степени кои ќе бидат донација и ќе бидат дел од веќе постојниот систем на чување и дистрибуција.

– Подготовката за прием, дистрибуција и вакцинација се одвива со одлична динамика. Направивме посети на економските оператори кои се нафатија да бидат дел од нашиот систем. Се одзваа сите компании кои работат во системот на чување и дистрибуција на вакцини, има сосем солидни услови, рече Филипче.

Нагласи дека се активни на три полиња за набавка на вакцини. Едниот, како што посочи, е ковакс системот преку кој се набавиени над 800 илјади дози за 400 илјади граѓани.

– Денеска на седница на Влада помина информацијата со која УНИЦЕФ се вклучува во помошта во делот на склучување на договорите и транспорт на вакцините до нашата земја од тој прозиводител кој ќе биде одреден од страна на ковакс системот, посочи Филипче, додавајќи дека во петокот разговарале со грчкиот министер за здравство кој укажал дека нашата земја може да смета на дел од првата количина која ќе стигне и ќе биде дистрибуирана во Грција.

Третиот механизам, додаде тој, е преку понудата на канцеларијата на европската делегација кај нас за што имаат интензивни разговори и разговорите кои ги иницирале и се во тек со Pfizer и АstraZeneca како директни разговори и преговори.

Вакцините, потсетува, ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, постарите граѓани над 60 години и пациентите со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.

– Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести и бројните дезинформации во однос на вакцините. Вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале вообичаената фаза и на развој, тоа се практично истите платформи на кои се развиваат вакцините за сите други болести и секако административната дозвола подразбира контрола на многу процеси во делот на производство и секако клиничките студии. Примарната цел е заштита на населението и пред се намалување на смртен исход од  заболувањето со COVID-19, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека засега не се препораува вакцинирање на деца и луѓето кои имаат прележано Ковид и имаат антитела. 

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе