Заев: Максим тргна против Максим, тоа е негова одлука

Определбата на актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и прерано да го напушти процесот на селекција на кандидатите за претстојните локални избори согласно сите истражувања што ги правевме, е негова лична одлука и со таа лична одлука тој ја донесе и одлуката за себеисклучување од СДСМ, порача денеска премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.

– Статутот на СДСМ водејќи се со сите демократски определби ја направил јасната дистинкција на разграничување. Кога ќе одлучите дека треба да го напуштите СДСМ, тоа е опишано на неколку начини како тоа го правите, а еден од тие е токму тоа – истапувате од СДСМ и одите како независен кандидат. Максим Димитриевски се одлучи за тоа. Тоа е негова одлука и Максим тргна против Максим. На СДСМ му остана  само на првиот Централен одбор да го констатира тоа што Максим Димитриевски го направи, односно тоа е исклучувањето од СДСМ, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешната промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.

Тој посочи дека статутот  е устав во СДСМ, најважниот и највисок документ по којшто работат и е израз на максимална демократска процедура во партијата.

– СДСМ е исклучително демократска партија која што своите определби и одлуки не ги носи на основа на ставови на поединци, ги носи на своите органи и тела, ги носи преку својот Статут. Во него е јасно опишано кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ не можете истовремено да бидете и член на СДСМ, а можете слободно да ги кажете вашите различности, можете да дојдете во органите и телата на партијата, можете да дискутирате, да се борите за вашите ставови. Најдоброто во СДСМ е тоа што различните ставови многу често и победуваат дури и кога не се ставови на највисокото раководство на СДСМ. Максим беше член на Конгрес, по функција член на Централниот одбор како градоначалник, секогаш го имал правото да дојде да дискутира и да ги каже своите забелешки, така што овде е јасна процедурата како се донесуваат одлуките, прецизира Заев.

За настапувањето на локалните избори со независни листи рече дека е богатство што доаѓа со слободата, а со тоа и демократијата на определба.

– Тоа автоматски значи влегување во конкуренција со политичките субјекти коишто традиционално се првата понуда на граѓаните токму преку политичките програми, преку политичките визии за нивен настап. Сите партии, така и СДСМ кога ќе има спротивставен досегашен член за којшто СДСМ вложила во неговото работење, дала шанса, направила скалила да расте во својот личен рејтинг, а и во својот општествен рејтинг прават јасна дистинкција на разграничување. Статутот не е од сега, туку е од формирањето на партијата и јасно дефинирани права им даваат на сите, дури и членови со богато искуство во членување во партијата, да може да носат своја одлука слободно како тие мислат дека е најдобро за нив, посочи Заев и додаде дека во Куманово ќе победи оној кој што победувал и во изминатите 30 години – СДСМ.

За повторното некандидирање на актуелниот градоначалник на Општина Радовиш Герасим Конзулов на локалните избори, Заев рече дека тоа е направено, бидејќи анализите покажале дека 60% од граѓаните на Радовиш сметаат оти не заслужува втор мандат.

реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: Има загинати

Read more

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Read more

Македонија

Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи - предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените

Read more

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Read more

Во конзервираната туна присутна голема концентрација на жива - Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

Read more

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Read more
 

Вести

Маж оштетил надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров

Читај повеќе

Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

Мексиканскиот Залив стана Американски на Google Maps

Читај повеќе

Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи - предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените

Читај повеќе

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Читај повеќе

Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територијата на целата држава

Читај повеќе

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Читај повеќе

Во конзервираната туна присутна голема концентрација на жива - Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

Читај повеќе

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Читај повеќе