Заев: Не смееме да дозволиме несериозност и во следните 10 години да немаме попис

Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис. Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. Убеден сум дека ќе имаме успешен попис од 1 до 21 април, онака како што е предвидено, изјави денеска во Пробиштип премиерот Зоран Заев, на прашањето да ја искоментира иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис.

Премиерот вели дека Законот е согласно Евростат и согласно сите меѓународни стандарди и оти се работи за статистичка операција, додавајќи дека секаков вид блокирање, секое одвраќање на вниманието на граѓаните или ставање во неизвесност, не е ни малку патриотски чин кон државата.

– Очекувам од опозициската најголема партија будно да го следи процесот и да ги мотивира граѓаните сите да се приклучат затоа што само така е исправно и убеден сум дека ако одложиме до есен, тогаш ниту кампања не можеме, следната година влегуваме во 2022 година, можеби ќе биде непредвидлива никој не може да каже што ќе се случува. Сѐ е подготвено за одржување на пописот, рече Заев.

Изрази уверување дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста пред сѐ кај сите граѓани, а најмногу кај политичарите во државата.

Со поставени штандови на отворено низ градовите во земјава, ВМРО-ДПМНЕ вчера започна иницијатива за собирање потписи со цел поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис“. Партијата бара електронски попис, преку којшто, според нив, ќе се дојде до јасна слика колку луѓе има во државата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе