Заев нема да бара оставка од функционерите поврзани со грантовите од Фонд за иновации

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев вели дека нема да побара оставки од функционерите за кои имаше реакции во јавноста за поврзаност со фирми кои добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, затоа што, според него, тие се повлекле и не го кршеле законот.

- Ако така бараме оставки потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта. Тие апсолутно постапуваат етички, излегоа на прес-конференции да ги кажат своите ставови и тоа е фер однос. Проблемот е што во минатото не се откажуваа  и оставаа до крај  впечаток дека нешто не е етички или коректно, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по стартот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“.

Под реакција на јавноста, наведе премиерот, гледате Владата знае да се поправи, знае да инсистира,  да биде упорна во своите ставови, но истовремено знае и да се врати чекор назад. - Тоа е убавината на транспарентноста, потенцира Заев.

Заев рече дека со законот е дозволено  сите фирми да аплицираат, а кога јавноста реагирала будно, етичкиот дел на самите министри и на другите функционери се разбудил, тие сами ги повлекле апликациите на фирмите во кои што имаат  свој удел, а еден дел од нив тргнале да ги продадат своите удели.

- Мене ми требаат овие функционери, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети и драго ми е што реагираат вака за да повлечат апликации и да дадат шанса при одлучувањето за сите други компании. Верувам дека ваквиот однос е транспарентен и чесен кон граѓаните, изјави премиерот.

По реакциите во јавноста за распределбата на грантовите преку Фондот, директорот на оваа институција Јован Деспотовски, вчера ги повика 79. компании добитници на финансиска поддршка со првиот инвестициски бран, да достават информација за сопственичката структура и евентуална поврзаност со носители на јавни функции и членови на нивни семејства. Потоа ќе се побара Комитетот за оценување повторно да одлучува дали ги исполнуваат критериумите за добивање на парите.

Во врска со овој случај, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, завчера оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.​

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше прозван во јавноста за грантот што го доби компанијата „Кастинвест“ каде е коспоственик, а од кој и се откажа, рече дека ги испочитувал сите законски аспекти и го охрабри обвинителството да го истражи случајот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе