Заев: Планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата

„Еден од приоритетите на оваа Влада е создавање одржлив образовен систем во Република Македонија. Знаеме дека ако како држава се посветиме на создавање стручни и образовани кадри, тие од мали ќе може да си го најдат своето место на пазарот на труд" - oва го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, во рамките на Конференцијата за квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина во организација на УНИЦЕФ, која се одржа во хотелот „Александар палас“.

„В година ќе почне опремувањето на основните и средните училишта со современи лаборатории, што ќе придонесе во практичната настава и зголемување на интересот на учениците за наставните содржини. Исто така, планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата. Учениците да може да ги стекнуваат знаењата главно на училиште, за да имаат повеќе слободно време дома. Така ќе ги ослободиме од психолошките притисоци на обврска за постојано механичко седење над книгите, што знаеме дека не дава резултати. Се фокусираме кон квалитетно средно стручно образование, повеќе пракса, за подобри основи на знаењето. Не сите ученици сакаат да продолжат со високо образование. Во високото образование размислуваме да има и пократки студиски програми, од 3 години. Бидејќи се важни афинитетите на децата, ќе воведеме и механизми со кои ќе можеме да ги насочуваме децата кон она што го можат. Така, може да развиваме талентирани генерации, од кои ќе добиеме квалитетна високообразована научна сила, како и стручна работна сила“, рече Заев.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе