Заев: Празникот Богојавление – Водици нè потсетува дека сè може да се очисти и одново да се роди

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија.

Во честитката на премиерот Заев до православните верници се истакнува дека овој празник потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан, и дека сè може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.

„Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува“, стои во честитката.

Со овие пораки и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје, и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план, наведува Заев во својата порака.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во крајот од писмото со честитки за празникот Богојавление – Водици на Претседателот на Владата на Република Македонија, до православните верници.

Инаку, премиерот Зоран Заев денеска за големиот христијански празник претстојува во Струга. По повод празникот тој ќе присуствува на чинот на спуштање на крстот и осветување на водите во реката Црн Дрим.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе