Заев: Прифаќањето на цивили од Авганистан е прашање на принципи, вредности и хуманост

Не треба да бидеш голем или поголем од другите, не треба да бидеш богат или побогат од другите за да покажеш големо срце, да покажеш човештина. Нашата големина како народ секогаш сме ја покажувале и наша должност е да ја покажуваме. Нашата земја знае што значи солидарност и колку е важно на солидарноста да се врати со исто таква солидарност и разбирање на трагедијата на луѓето, истакна премиерот Зоран Заев.

– Понудивме помош затоа што отсекогаш сме биле и ние солидарни и знаеме што  значи солидарност. Граѓаните треба да се сетат дека Авганистан учествуваше во изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес и учествуваше во изградбата на Универзалната сала. Во поново време авганистанските граѓани работеа со нашите војници во заложбите да се воспостави демократијата во оваа земја. Работеа на хуманитарните проекти во Авганистан и наша должност е сега да им помогнеме кога животот им е во опасност, рече Заев вечерва во интервјуто во дневникот на ТВ Сител на прашањето за капацитетот на земјава да прими одреден број граѓани од Авганистан.

Според него, политикантски се коментарите дека нашата земја покажала повеќе волја од поголеми и побогати држави да ги прифати бегалците од Авганистан.

– Ова е прашање на принципи, вредности, на хумана определба да покажеме дека сме луѓе и дека имаме разбирање за страдањето на народот на Авганистан. Многу сум горд на тоа дека ќе им дадеме надеж на 450 до 500 или повеќе луѓе во неволја, истакна Заев.

Најави дека утре изутрина има состанок со Координативното тело кое работи на организацијата на приемот на нашите граѓани кои се евакуирани од Кабул и на авганистанските цивили. Првата група кои утре ќе пристигнат во земјава се наши граѓани од Доха, Катар, а се очекуваат понатаму и граѓани од Авганистан кои ќе бидат сместени во хотели. Зсев посочи дека трошоците за нивното сместување до нивната конечна дестинација во трети земји ги покриваат САД.

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе