Заев уверен во победата на Пендаровски, но и подготвен за предвремени избори ако тоа не се случи

Скопје, 26 март 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев изрази увереност во победата на кандидатот на владејачката коалиција, Стево Пендаровски на претстојните претседателски избори, бидејќи како што рече зад него стојат сите етнички заедници во земјава, но доколку тоа не се случи тој е подготвен со опозицијата да разговара за можноста за распишување на предвремени парламентарни избори.

-Јас верувам дека ќе победи Пендаровски, зад него се сите етнички заедници, здружени, а ако не победиме подготвен сум со опозцијата да разговарам за предвремени парламентарни избори, но при тоа овозможувајќи да се донесе одлуката во ЕУ, да се отворат поглавјата, да се донесе позитивна одлука за Република Северна Македонија. Ако Пендаровски не победи на изборите тоа и дава кредибилитет на опозицијата да повика на предвремени избори, рече Заев вечерва во ТВ дуелот со Мицкоски на Канал 5.

Тој го праша Мицкоски дали тој ќе си поднесе оставка од лидерската функција во партијата, доколку загуби нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не даде конкретен одговор, а Заев напомена дека ќе си остане на зборот, но можеби партијата на Мицкоски нема да побара предвремени избори, бидејќи всушност, како што рече, и не сака тоа да се случи.

И Заев и за Мицкоски под успешни избори подразбираат демократски, кристално чист процес, а премиерот нагласи дека е потребен и исполнет цензус.

Го праша Мицкоски дали ќе поттикнат бојкот, на што тој со увереност во победата на Силјановска, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не размислува за бојкот ако има чисти, јасни претседателски избори. 

Македонскиот јазик е јазикот на Македонците насекаде во светот, во дијаспората и дома. Тоа е официјалниот јазик признаен од целиот свет. Тоа е дел од идентитетското прашање, како што е македонскиот народ со својот идентитет вграден во Уставот. Македонски јазик и Македонци блеска во личната карта на ОН. Таму сме регистрирани без ѕвезда, без фуснота без ништо. Конечно е потврден идентитетот од сите. Македонскиот јазик е јазик на Македонците и во Австралија, Америка, Канада и во Швајцарија и во Германија и од никој повеќе не оспоруван.

Ова вечерва го истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва во ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Сите сме свесни, посочи, дека без Договор со Грција нема НАТО нема ЕУ.

– Сите граѓани дали се во Воден, Солун, во Кавала, каде и да се, Грција треба да си каже дека имаат право на друг јазик, каков јазик зборат и сл. За нив е грчкиот официјален јазик. Го почитуваме нашиот јужен сосед, ги почитуваме неговите уставни норми кои ги има и тоа значи внимателност на прашањето. Секаде во дијаспората Македонците зборуваат македонски јазик, дома Македонците зборат македонски јазик, службен и официјален јазик е македонскиот јазик. Ние сме македонски народ покрај Албанците, Србите, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците…рече Заев.

Тој истакна дека Илиденска Македонија било прифатливо и од него и од грчкиот премиер Алексис Ципрас, било одбиено дома од опозицијата. Појасни дека претседателот Ѓорге Иванов дал позитивни насоки и на лидерската средба и во неговото соопштение, а од грчка страна исто така тоа било одбиено.

На прашањето дали решението Република Северна Македонија било наша желба или грчко барање, Заев одговори дека тоа било желба на македонската страна.

– Ние се определивме за северна од проста причина што северна постои, ние сме северниот дел. Со Горна и никаде не постои во светот не постои именување на држава. И во транскрипциите, во преводите на сите можни јазици, апсолутно е многу важно што остана Македонија во самото име. Верувам дека решението е добро за двете страни, решение кое гради иднина кое останува аманет на идните генерации да градат пријателство, стратешки партнерства, да одат напред, да си помагаат меѓу себе, додаде Заев.

Според Мицкоски, содржината на Договорот не ги заштитува нашите национални интереси.

– Апсолутно да требало да има договор, но ваков каков што го имаме сега на маса со сите импликации апсолутно не, тој е комплетно погрешен и не нуди иднина, туку напротив ги комплицира процесите, рече Мицкоски.

Тој не му даде јасен одговор на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев дали ќе го поништи Договорот од Преспа, а наместо тоа неколку пати го праша на кој јазик говорат Македонците во Северна Грција.

Нагласи дека е мошне внимателен кон Договорот од Преспа, со кој се надмина неколку децениски спор, се зацврстија пријателските односи со Грција и се отворија вратите на земјава за НАТО и ЕУ.

– Грција е наш пријател. Нема да ме натерате да се скарам со Грците, додаде Заев. 

реклама

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе