Загина жена во пожар во Прилеп, шест лица се спасени

Седумдесет и двегодишна жена загина, а шест лица се спасени во пожар што избувна во семејна куќа во Прилеп.

Пожарот се случил изутрината околу 8 часот и избил во приземјето на семејната куќа на Спиркоски на улицата „Никшиќка“ број 10.

Според Методија Николоски од прилепската противпожарна единица, повикот во единицата бил во 8.37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шестe лица од огнената стихија.

– За многу кратко време противпожарната единица со 4 возила и 11 пожарникари пристигна на местото на пожарот. Стихијата избувнала во приземниот дел од куќата. Пожарот се проширил по скалилата на двата ката, но со брзата интервенција спречено е да ги зафати катовите. Спасени се човечки животи, шест лица се извлечени, но за жал еден човечки живот е загубен од пожарот, изјави Николоски.

Во приземјето каде што избувнал пожарот, од засега непознати причини, живеела 72-годишната Олга Спиркоска. На катовите живееле двата сина на починатата со своите семејства. На првиот кат бил еден од нејзините синови со двете ќерки, а на вториот кат биле мајката и ќерката.

Сосетката Зора Јанческа која живее во куќа-лепенка до опожарената куќа, вели дека забележала чад и оган уште рано изутрината.

– Забележав пламен и чад кои излегуваа од приземјето, од гаражата, од просторијата каде што живееше 72-годишната сосетка. Потоа од првиот кат таткото ги спасуваше двете ќерки, а ќерката и мајката од вториот кат ги спасуваа пожарникарите. тешко беше, глетката беше страшна. Се извлекуваше автомобилот за да не настане експлозија, рече Јанческа.

Увид на местото на пожарот направи основен јавен обвинител. Беше констатирана смртта на 72-годишната Олга Спиркоска.

Опожарената куќа и семејствата ги посети прилепскиот градоначалник Илија Јованоски изразувајќи сочувство и најави материјална помош за семејствата.

– Ова е голема трагедија, загубен е човечки живот. Благодарност до противпожарната единица која со брзата интервенција ги спасила шесте лица кои во моментот на пожарот биле во куќата и го изгаснале пожарот. Општината со материјална помош ќе им излезе во пресрет на двете семејства. Се надевам дека ќе добиеме помош од стопанските субјекти за да им се помогне на семејствата, изјави Јованоски.

Ќе се истражуваат причините за пожарот во семејната куќа во Прилеп.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Хроника

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе