Закочено признавањето на победникот, Бајден подготвува тужби

МИА/КАЈГАНА
/ 10.11.2020 / 09:33

Тимот за транзиција на власта на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја разгледува можноста да почне правна постапка во врска со доцнењето на федералната Управа за општи работи да ја признае победата на кандидатот на демократите на изборите од минатата недела во дуелот со актуелниот претседател, Доналд Трамп, изјави официјален претставник на тимот на Бајден.

Управата за општи работи (GSA) вообичаено го признава претседателскиот кандидат кога ќе стане јасно кој победил на изборите, за да може да почне трансферот на власта.

Ова сѐ уште се нема случено и покрај тоа што американските медиуми во саботата го прогласија Бајден за победник, откако обезбеди доволен број електорски гласови, а со тоа и претседателскиот мандат.

-Правните постапки секако се една од можностите, но има и други опции што ги разгледуваме, изјави официјален претставник на тимот на Бајден кој сакаше да остане анонимен, без да прецизира за кои други опции станува збор.

Законот не кажува јасно кога GSA мора да се изјасни, но транзицискиот тим на Бајден тврди дека нивната победа е јасна и дека доцнењето не може да биде оправдано, и покрај тоа што Трамп одби да го признае поразот.

Директорката на GSA, Емили Марфи, која во 2017 година беше назначена на оваа функција токму од Трамп, сѐ уште не утврди „јасен победник“, изјави нејзиниот портпарол.

Remote video URL

Извор близок до Марфи тврди дека таа е темелен професионалец, кој ќе си даде доволно време да донесе внимателно разгледана одлука.

Трамп не престанува да повторува дека имало масовна измама на изборите, иако досега не презентираше докази за тоа и покрена серија тужби во обид да го оспори изборниот резултат.

Претставници на изборната комисија низ целата земја велат дека нема докази за значителни нерегуларности и измами, а правните експерти проценуваат дека потезите на Трамп имаат мали шанси за успех.

Висок владин службеник потсети дека по изборите во 2000 година GSA дури пет недели не дозволи почеток на формалниот трансфер на власта, кога републиканецот Џорџ В. Буш и демократот Ал Гор беа кандидати на изборите на кои одлучија само неколку стотици гласови на Флорида.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе