Западниот печат за изборите во САД: Дали Трамп трајно ја промени Америка?

Скопје, 6 ноември 2018 (МИА) – Денешните избори на половина мандат во САД се една од главните теми на денешните изданија на западните весници.

Лондонски Financial Times наведува дека вообичаено на ваквите избори не се гледа како на глобален настан, но овој пат работите се поинакви, па целиот свет ќе остане буден цела ноќ за да ги следи резултатите од гласањето на Американците.

„Резултатите од овогодишните избори на половина мандат се сметаат за клучен тест дали (американскиот претседател) Доналд Трамп трајно ја променил Америка. Влогот со децении не бил толку голем на едни избори, како на овие“, наведува британскиот весник.

Financial Times смета дека доколку републиканците постигнат добри резултати на денешното гласање, многумина ќе заклучат дека „трампизмот“ ќе остане за подолг временски период.

„Во таков случај останатиот свет ќе треба да се подготви на подолг рок за една Америка, која ќе биде силно протекционистичка и во принцип сомнителна кон договорите, независно дали тие се однесуваат на климатските промени, контролата на оружјето, бегалците или миграцијата. Меѓутоа ако оваа ноќ демократите постигнат успех, странские критичари на американскиот претседател ќе имаат надеж дека годините на Трамп ќе бидат само аномалија и ќе следи одново враќање на претходната Америка“, смета Financial Times.

Парискиот весник Figaro проценува дека Трамп се обидел да ја искористи поделеноста во САД за да ја задржи својата надмоќ при денешното гласање.

„Две години по неговиот изненадувачки избор, Доналд Трамп одново се става на залог на гласачките кутии. Денешните избори ќе ги дефинираат неговите следни две години во Белата куќа, а можеби и повеќе. Претседателот знае каков е влогот во овие избори и целата своја енергија ја вложи во кампањата, играјќи дрско на картата дека изборите се референдум за неговото управување“, наведува Figaro.

Парискиот весник потсетува дека Трамп целата мината недела ја мина на патување низ САД учествувајќи на два до три предизборни собири дневно, со цел да ги мобилизира своите приврзаници, притоа оставајќи ги во втор план своите обврски како претседател.

„И покрај масовното убиство во синагогата во Питсбург кон крајот на октомври, Трамп брзо се откажа од имиџот на обединувач и се врати на неговата омилена тема: мигрантската закана, олицетворена во карванот од луѓе кои се движат пеш кон границата на САД. Иако ги истакнуваше позитивните економски резултати во првите две години од неговиот мандат, тој не се фокусираше премногу на овие показатели, убеден дека добрите вести ги „успиваат“ гласачите“, заклучува Figaro.

New York Post, пак, наведува дека иако Доналд Трамп  е оптимист во пресрет на денешните избори, иако анкетите покажуваат наплив на „синиот бран“ во Конгресот. Сината боја е обележје на демократите, наспроти црвената која е карактеристична за Републиканската партија на Трамп.

„Синиот бран ќе удри со сета своја сила на денешните избори, покажуваат анализите на социолошките истражувања, според кои, демократите без проблеми ќе ги освојат неопходните 23 места со кој ќе обезбедат контрола во Претставничкот дом на Конгресот“, наведува New York Post.

Според весникот, оптимистички расположениот Трамп сепак очекува победа на републиканците во Сенатот, па дури и во Претставничкоит дом. Весникот потсетува дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека републиканците имаат добри шанси да го задржат или да го зголемат мнозинството во Сенатот.

„Каков и да е резултатот од изборите, Трамп јасно достави до знаење дека тие всушност се глас за него. На еден митинг тој изјави дека  во одреден смисол на изборите се гласа и за него“, додава New York Post.

New York Times, пак, проценува дека Трамп водеше предизборна кампања базирана на страв, гнев и поделби.

„Претседателот Трамп ја заврши кампањата во стилот „ние против нив“, базирана на мрачни теми како стравот од национализмот и расната нееднаквост, обидувајќи се да ја зачува контролата на републиканците во Конгресот и во следните две години од неговиот мандат“, наведува весникот.

Според New York Times, во услови на ваква кампања, САД станаа сведоци на најполаризираните избори на половина мандат во нивната понова историја.

„Трамп се заигра со поделбите во американското општество како ниту еден друг претседател во ерата на еднакви граѓански права. Противречностите што беа изнесени на виделина и кои се продлабочија во последните неколку недели, најверојатно ќе останат уште долго време по денешниот изборен ден“, заклучува New York Times.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе