Започна исплатата на МојДДВ за последното тримесечје од 2020

Управата за јавни приходи ја започна исплатата на повратот на ДДВ кај физичките лица за скенираните фискални сметки во последниот квартал од 2020. Се враќаат парите за скениратени сметки во октомври, ноември и декември 2020 година.  

За овој квартал, според податоците на УЈП, на граѓаните ќе им бидат вратени 6,1 милион евра за скенираните сметки во октомври, ноември и декември 2020 година преку апликацијата МојДДВ.

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале  67.272.456 фискални сметки,  вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони  денари или околу  6,1 милион евра.

Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, од УЈП апелираат граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира  профилот на ЕПДД.

Од направената  проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5.506 граѓани во апликацијата МојДДВ  имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Лимитот за поврат на ДДВ за едно физичко лице во едно тримесечје изнесува 1.800 денари. Се скенираат сите фискални сметки со максимален износ до 30.000 денари. Повратот на средствата е 20 отсто од прикажаниот ДДВ за домашни производи и услуги и 10 отсто за странски. Проектот се спроведува од јули, 2019 година.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе