Започна вториот дел од распитот на Ахмети пред Меѓународниот суд за Косово

Интервјуирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од страна на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое започна вчера претпладне во просториите на меѓународната правна мисија на Европската Унија во земјата, ЕУЛЕКС, продолжи денеска нешто по 10:30 часот.

Првиот распит на Ахмети се одржа вчера и траеше од 9:30 до 18 часот, кога тој го напушти седиштето на ЕУЛЕКС, без да даде изјава за медиумите.

Како што наведуваат косовските медиуми, Ахмети е повикан од меѓународниот суд, чие седиште е во Хаг, во својство на сведок, како еден од основачите и поранешен член на главниот штаб на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година. Поканата за интервју на лидерот на ДУИ му е доставена во јули годинава.

Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, а кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии.

Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Меѓу последните обвинети се и двајца од основачите и водачи на ОВК, актуелниот претседател на државата, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и доскорешен собраниски спикер, Кадри Весели.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе