Завршува осумдневната вонредна состојба, од среда стартува изборната кампања

Денеска истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски со цел да се спроведат неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Последната, петта, вонредна состојба беше прогласена на 15 јуни по постигнатиот договор меѓу лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за терминот за изборно соочување.

Шефот на државата ја образложи одлуката за нова вонредна состојба со потребата да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на COVID-19. Осумдневната вонредна состојба беше дадена за да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите.

Предвремените парламентарни избори првично требаше да се одржат на 12 април, но поради кризата со коронавирусот и прогласувањето на првата вонредна состојба во март, со владина уредба изборните дејствија беа прекинати. По повеќенеделни неуспешни разговори, консултации и неколку лидерски средби кај претседателот, власта и опозицијата на средината на месецов конечно постигнаа договор за избори на 15 јули.

На предвремените парламентарни избори, според поднесените листи до ДИК, ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати.

Изборната кампања почнува в среда, на 24 јуни. Партиите ветија фер и демократски избори за што потпишаа и кодекс. Најавија дека ќе се фокусираат на кампања која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните, без големи настани и митинзи, со зголемено користење на социјалните мрежи, традиционалните медиуми, билборди, и друг тип на онлајн претставувања.

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на изборите, своите програми ќе можат да ги преставуваат до 12 јули во 24 часот кога, според ревидираниот роковник на ДИК, завршува изборната кампања.

Гласањето на предвремените парламентарни избори ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот.

На 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на COVID-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

На 14 јули 2020 година ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе