Зекири излезе од Инфективна: Крајно време е луѓето да се освестат за вирусот

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на Facebook објави дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести и дека со неговото семејство се дома и како што вели, живи и здрави.

Со Facebook статусот Зекири им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.

– Најдлабока благодарност до оние кои се жртвуваат и продолжуваат тоа да го прават секој ден: доктор Илир, доктор Милена, доктор Фадил, доктор Ана од педијатрија, останатиот неуморен тим: Рејхан, Весна, Елена, Кики, Сухејла, Фисник, Изабела, Нуредин, Велимир, Снеже, Марина и многу, многу други кои 24 часа се во служба на пациентите сместени на инфективната клиника.

Порачува и дека само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминува општеството, со свест и совест, може да се спасиме себеси, блиските и други недолжни луѓе.

– Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон COVID-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат, напиша Зекири на Facebook.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе