Зголемен бројот на смртни случаи од COVID-19, најмногу кај пациенти над 60 години

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 09-15.11.2020, Р.С. Македонија

Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=3.305; 44,9 отсто), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35%, намалување за два отсто во однос на минатата недела.

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1646, 22,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1496; 20,3 отсто), од 40 до 49 (n=1435; 19,5 отсто), од 50 до 59 (n=1410; 19,2 отсто) и од 20 до 29 години (n=961; 13,1 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=120; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=287; 3,9 отсто). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7 отсто) лица од машки и 3.624 (49,3 отсто) од женски пол.

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11,6 отсто повеќе од минатата недела.

Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50 до 59 години, девет смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и два случаи во возрасната група од 30 до 39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1 отсто.

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=47.636)

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 9 до 15 ноември, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 45 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 45 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид – центарот на Клниката за неврологија, 11 пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 пациенти, а на Институтот за ТБЦ се примени 49 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат 26 лица, а во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 11 деца и 30 возрасни.

Вкупно 440 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во текот на утрешниот ден ќе се отвори за прием и ковид – центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети.

Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе