Жена од Шпанија со денови била силувана и затворена во хотелска соба во Струга

Триесет и деветгoдишна жена од Шпанија со денови била држана затворена во хотелска соба во Струга, каде била силувана од 29-годишен жител на струшкото село Радолишта. Таа била барана со потерница, па вчера полицијата ја пронајде во струшкиот хотел.

По преземени мерки, а по барање на Интерпол Шпанија, полициски службеници од Полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т. (39) од Шпанија во хотел во Струга.

Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана, по претходен договор со Ш.С. (29) од село Радолишта, Струшко, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи.

Од МВР денеска соопштија дека на 04.04.2022 околу 21:30 часот во Полициската станица Струга бил приведен Ш.С. и со него бил извршен службен разговор.

Известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тагови
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе