Зибери: Социјална пензија за секоја жена која не го остварила правото на работна пензија

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Жените придонеле подеднакво во градењето на нашата држава и нашето општество – иако можеби никогаш не биле официјално вработени, изјави Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Северна Македонија, од редовите на ДУИ.

– Тоа се жени кои нѐ одгледуваа, кои работеа напорно во нашите домови, нашите  семејства и во претпријатијата, но кои немаат право на пензија. Тие ја заслужиле нивната пензија и ние треба да бидеме благодарни за нивниот придонес и да го вреднуваме нивниот напор даден во текот на целиот нивен живот“, вели Зибери.

Во неговиот акциски план за првите 100 дена како премиер на Република Северна Македонија, Зибери предвидува социјална пензија за сите жени кои никогаш не работеле официјално. За него оваа мерка е со најголем приоритет.

– Можеме да ја процениме вредноста на општеството според начинот на кој се однесуваме кон постарите лица. Едноставно е неправедно овие жени да не добиваат државна пензија, покрај се што направиле за нас и за нашето општество. Треба да ја почитуваме нивната работа, треба да ги почитуваме овие жени и да бидеме благодарни, смета Зибери.

Оваа социјална пензија е една од 25-те конкретни мерки на планот на Зибери која предвидува подобрување на животот на сите граѓани.

– Сакам општество каде секое семејство, секој граѓанин има сигурен приход за обезбедување на еден пристоен живот. Сакам општество во кое никој не e изоставен. Ова не само што ќе придонесе кон подобар квалитет на животниот стандард на сите граѓани, но ќе ја зајакне и нашата економија. Да бидам првиот премиер Албанец, за мене не е само симбол на еднаквост, туку е и алатка за подобрување на животот на сите граѓани, рече Зибери.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе