ЗХГ повторно достави предлози за намалување на загадувањето

Активистите од Зелен хуман град велат дека привремениот бесплатен јавен транспорт во денови на екстремна загаденост нема да помогне во решавање на проблемот и затоа повторни ги актуелизираа предлог-мерките кои лани им беа одбиени.

Фото: Зелен хуман град

Тие лани бараа низа мерки да станат дел од буџетот на Град Скопје за 2021 година, но сите беа одбиени. Сега, кога се и дел од Советот на Град Скопје, истите ги претворија во амандмани кои на гласање ќе бидат ставени утре.

„Како главни индикатори за сообраќајот се дефинирани суспендираните честички (РМ2,5) и азотните оксиди, иако за ниту еден од овие параметри не е исклучив извор сообраќајот и тоа ќе се покаже во резултатите од студијата. Во периодите на интензивно загадување, загадувањето од сообраќајот е минимално. Не постои поврзаност меѓу бројот на возила и РМ10, што значи дека други фактори ги предизвикуваат високите концентрации на РМ10“, велат од Зелен хуман град.

„Имајќи ги предвид горенаведените констатации, јасно е дека сите мерки насочени кон редукција на емисиите од сообраќај, посебно редукција на емисиите на суспендирани цврсти честички, ќе имаат пред сѐ локално влијание врз подобрување на квалитетот на воздухот во Скопската котлина, но дека ефектите врз позадинските концентрации ќе бидат мали, а при епизоди на високи позадински загадувања кои се јавуваат пред сѐ во есенскиот и зимскиот период, било каков ефект е речиси исклучено да се очекува“.

Дел од клучните амандмани на ЗХГ за намалување на аерозагадувањето се:

✅ хипер-мрежа на сензори за брза детекција на изворите на аерозагадувањето (посебно индустриските);
✅ активирање на зелениот катастар на градот и следење на секое дрво со негова помош;
✅ поставување на компостари за био-отпад, со кои ќе се намали и до 60% на отпадот во депониите кои горат;
✅ наместо пробивање нови улици, пробивање и закајнување на мрежата на велопатеки и ленти;
✅ зелени инвестиции, посебно за фотоволтаици на објектите на градот.

Деновиве Скопје се соочува со екстремно загаден воздух кој скопјани ги мачи веќе три децении.

📍 Други мерки и препораки:
- ограничување емисии од стационарни извори;
- зголемени инспекциски контроли на А и Б-ИСКЗ инсталации и градилишта;
- зголемени инспекциски контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројки;
- зголемени инспекциски контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла;
- намалување на температурата во јавните згради;
- користење вода за намалување на прашината при градежни активности (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.);

📍 По воведување на алармантна состојба, Градот Скопје ќе ги преземе следните вонредни мерки во рамки на своите надлежности:
- активна имплементација на одлуката и контрола на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата);
- зголемени и вонредни инспекциски контроли на Б-ИСКЗ инсталации и инсталации со одобрени елаборати кои се во надлежност на Град Скопје;
- зголемени и вонредни инспекциски контроли на градилиштата;
- зачестено машинско чистење на улиците и пешачките површини во надлежност на Град Скопје;
- ограничување на емисиите од стационарни извори на инсталациите под надлежност на Град Скопје;
- ограничување на градежните активности на објектите во надлежност на Град Скопје;
- откажување/одложување на големи јавни собири, спортски настани и култури настани на отворено.

Препораки во ситуација на епизоди со високи концентрации на загадувачки супстанции кои ќе ги даде Градот Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје по воведување на алармантна состојба ќе ги даде следните препораки:

📍 Препораки до институции и правни субјекти:
- да се зголемат инспекциските контроли на инсталациите во надлежност на МЖСПП и општините во градот Скопје;
- да се зголемат инспекциските контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби;
- да се спроведува зачестено чистење на улиците и пешачките површини во надлежност на општините во градот Скопје;
- да се ограничат градежните активности на објектите на територијата на општините од страна на општинската градежната инспекција;
- да се зголемат и спроведат вонредни инспекциски контроли на градилиштата во надлежност на општините;
- да се ограничат емисиите од стационарни извори на инсталациите под надлежност на општините;
- да се зајакнат вонредните контроли на МВР во однос на техничката исправност на возилата за кои се сомневаат дека имаат зголемени емисии на штетни гасови;
- да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројќи од страна на државните инспектори за заштита и спасување;
- да се откажат/одложат големи јавни собири, спортски настани и култури настани на отворено.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе