ЗНМ го осуди нападот врз новинарот на Телма

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува физичкиот напад врз новинарот на телевизија Телма, Павле Беловски, кој вчеравечер пред Министерството за внатрешни работи беше нападнат со тупаници и клоци од лице со криминално досие, додека известувал за увидот на Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање за аферата за прислушување.

„Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО. Дали инспираторите на синоќешниот напад се истите структури на МВР кои во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали истите структури стојат зад досегашните нерасветлени напади врз новинари? Јалови се обидите преку напади и заплашување на новинари да се попречи и избегне правдата“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Од Здружението го поздравија брзото приведување на насилникот и побара од МВР случајот да се расветли до крај и да поднесе кривични пријави против насилникот и неговите инспиратори. 

„Го потсетуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека помина една година откако даде јавно ветување дека ќе работи на расветлување на сите напади против новинари. ЗНМ досега има регистрирано 35 напади против новинари. Ниеден од нив не е расветлен, ниту пак, некој од насилниците е казнет“, велат од ЗНМ. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе