ЗНМ и УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“.

Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова-Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавена на Дома.еду.мк. Се работи за новинарски продукт составен од пет прилози во низа во кои е опфатено квалитетно и сеопфатно новинарско истражување, со осврт на законската регулатива и интервјуа.

Втората награда беше доделена на новинарката од Види Вака, Ангела Петровска, за новинарскиот продукт со наслов „Земја без решение за чист воздух“, додека пак третата награда им беше доделена на новинарите Тони Михаилов и Игор Стојанов за темата со наслов ,,Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност“ објавена на Гоце.мк.

Покрај наградените, денеска посебно признание им беше врачено и на новинарите Бојан Блажевски, Мартин Пушевски и Христина Ѓорѓиевска за иновативен и креативен пристап и придонес кон кревање на јавната свест за животната средина.

На свечениот настан свои обраќања пред присутните имаа претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Jаин и постојниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, како и наградените новинари и претставници на комисијата за 2023 година.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, во своето обраќање пред присутните истакна: „Секојдневно сме сведоци на разорните влијанија на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, животната средина и општеството во целина. Од градовите задушени од смог до индустриските локации кои испуштаат отровни гасови, доказите за оваа криза се непобитни. А сепак, премногу често, тој останува занемарен или потценет во јавниот дискурс. Како новинари, ние мора да ја препознаеме моќта на медиумите, да го ставиме проблемот пред граѓаните, да бараме одговорност преку нашата медиумска застапеност и пласман на содржина. На овој начин имаме можност да поттикнеме значајни промени преку зајакнување на јавната свест, ангажирање во истражувачко новинарство. Преку нашата работа, можеме и мораме влијанијата на загадувањето на воздухот, да ги објасниме и доближиме до граѓаните“.

Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин потенцираше дека резултатите од работата на наградените новинари докажува дека во Република Северна Македонија“ работат новинари способни да известуваат за сложени и предизвикувачки теми како загадувањето на воздухот со интегритет и посветеност. „Шведска останува посветен партнер на Северна Македонија во насока на пресретнување на еколошките предизвици и заедничка борба со загадувањето на воздухот“, потенцираше Ларсон Јаин.

Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП во земјава, истакна дека улогата на новинарите за подигнувањето на свеста за потребата од справување со предизвикот на загадувањето на воздухот е исклучително значајна.

„За ефикасно спроведување на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ неопходно е силно партнерство со сите влијателни фактори во општеството. Во таа насока високо го вреднуваме придонесот на слободното и независно истражувачко новинарство. Новинарите трагаат по одговор на најзначајните прашања – што го загадува воздухот кој граѓаните го дишат и кои мерки треба да се преземат? УНДП заедно со Шведска во проектот кој се спроведува во пет градови во земјата, со помош на науката и експертизата, се фокусира на истите прашања. Се мери надворешното, но и внатрешното загадување на воздухот во две училишта и градинки во секој од градовите. Студиите за распределување на изворите на загадување на воздухот ќе овозможат изработка и имплементација на најсоодветните планови за негово подобрување“, изјави Григорјан.

Целта на јавниот повик за истражувачките стории беше да се подигне свеста за постоечките проблеми со аерозагадувањето и да се поттикне поголема покриеност на овие теми од страна на новинарите на локално и национално ниво како придонес кон изнаоѓање на најдобрите начините за нивно решавање или ублажување.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе