Низ историјата има многу случаи на царства и држави што пропаднале, нации што престанале да постојат или се трансформирале. Таквиот процес постојано се одвива, а според политичките аналитичари, поимите како нација и држава не се вечни и постојано се менуваат.
Иако во минатото, државите најчесто исчезнувале откако биле освојувани или делени меѓу непријателите, во иднина, државите ќе се соочуваат со поинакви егзистенцијални проблеми.
Некои од заканите се зголемувањето на нивото на морето, етничките поделби во самото општество, како и недостатокот на ресурси. YouTube каналот The Richest направи листа на 10 држави за кои се сомневаат дека ќе преживат во сегашната форма во следните 100 години.