10 најмрачни тајни на Доналд Трамп

Доналд Трамп е најконтроверзниот кандидат во историјата на американската политика. Многу медиуми го прикажуваат како шарлатан, но барем не е отворено корумпиран како Хилари Клинтон. Или сепак е?

Излезе дека Трамп учествувал во прилично сомнителни и непријатни работи во последните неколку децении, а порталот Listverse состави листа на 10-те најмрачни тајни на Доналд Трамп.

10. Сомнителен универзитет

Универзитетот на Трамп не бил универзитет. Ова е важно бидејќи државата Њујорк забранува фирма да може да носи назив „универзитет” ако не е универзитет, а сомнителниот Трамп Универзитет не бил тоа, туку бил фирма за „стрижење” на ранливи и слаби луѓе. „Студентите” плаќале скапи семинари на кои учеле за „личните техники на Трамп”. Кога ќе загризале, биле принудувани да плаќаат по 35.000 долари за посебна програма. Тие кои го направиле ова речиси ништо не научиле, ниту некогаш го сретнале Трамп. Обвинителот на Њујорк одлучил да го изведе на суд Трамп Универзитетот.

9. Сомнителна хуманитарна фондација

Фондацијата на Доналд Трамп е необична хуманитарна организација. Парите кои ги собира не се секогаш искористени во добротворни цели, туку милијардерот со тие пари си се частел самиот себе. Па така, еднаш дал 20.000 долари од фондацијата за портрет од самиот себе, висок два метри. Трамп не дел ни цент за својата фондација од 2008 година, туку ја користел за да добие пари од други богати луѓе, кои потоа ги давал на други хуманитарци, за во нивните очи да изгледа како филантроп. Дури добил и награда бидејќи дал 150.000 долари на полициското здружение, иако секој долар од ова асума го обезбедила Фондацијата Еванс.

8. Мачење на закупците

Во 1981 година, Трамп купил зграда во њујоршкиот Централ парк, бидејќи планирал на тоа место да изгради станови за продажба. Меѓутоа, станарите одбиле да се иселат, а Трамп покажал колку може да биде брутален. Во наредните пет години ги оставил без греење и топла вода дури и во ладните њујоршки зими. Повеќе пати одбил да поправи цевки кои истекуваат и дозволил наезда на стаорци, а на управникот на зградата му наредил да ги шпионира закупците. Им дозволил на работниците секојдневно да дупчат од 7 наутро над стан во кој старица умирала од рак. Кога таа реагирала, не направил ништо. Сè станало бизарно кога Трамп одлучил во таа зградат да вдоми бездомници. Случајот завршил на суд и Трамп морал да се повлече. Сега, негира дека воопшто се случиле такви инциденти.

7. Намерно вработувал илегални имигранти

Трамп е препознатлив по заложбите за депортација на илегалните имигранти. Сепак, во 1990-тите, тој вработувал илегални имигранти од Полска кои работеле на изградбата на Кулата Трамп, иако знаел дека немаат уредни документи. Трамп сега негира дека го правел ова, но постојат сведоци кои тврдат дека ова е точно, а меѓу нив е и доушник на ФБИ. Тие тврдат дека Трамп ги терал имигрантите да работат седум дена неделно без безбедносна опрема, а одбил да им плати дури и бедни пет долари на час кои им ги ветил. Кога ќе се пожалеле, им се заканувал дека ќе ги пријави на имиграционото одделение. Многумина морале да спијат на градилиште, а состојбата се подобрила дури кога Полјаците му се заканиле со тужба.

6. Ги искористил донаторите на кампањата да ја купат неговата книга

Многу луѓе со ситни донации ја помогнале кампањата на Трамп. Повеќето очекувале дека нивните пари ќе бидат искористени за победа против Хилари на изборите во ноември. Меѓутоа, малку очекувале дека за 55.000 нивни долари, Трамп ќе купи примероци од сопствената книга. Познати се случаи на славни писатели кои купувале по 500 примероци од свои новообјавени книги, но тие не користеле претседателска кампања за да купат помеѓу 3.000 и 5.000 примероци со попуст. Попустот е важен бидејќи укажува на тоа дека Трамп ја користел кампањата за да успее да влезе во листата на бестселери на Њујорк Тајмс.

5. Непотребно и бескрајно лажење

Трамп е обвинет за лажење безброј пати. На судење во 2007 година под заклетва рекол дека 30 од неговите изјави биле лажни. Се утврдило дека лажел за многу работи - од големината на неговото богатство, до деловните договори кои ги склучил со луѓе од неговиот платен список. Имало претерувања, искривувања, но и чисти лаги и сите сега се дел од судските списи. Ова е важно бидејќи кампањата на Трамп се базира на тврдења дека тој ја говори исклучиво вистината.

4. Политичка неодговорност

Њујорк Тајмс во јули го цитираше соработникот на републиканскиот сенатор Џон Кејсик, кој тврдеше дека Трамп планира доколку биде избран, потоа да му ја препушти власта на потпретседателот после изборите. Овој соработник тврдеше дека тимот на Трамп му понудил на Кејсик да биде „најмоќниот потпретседател во историјата” кој би ја презел внатрешната политика и надворешната политика. Со други зборови, Кејсик би бил претседател, а Трамп би се појавувал јавно да се шета и да се фали. Ова би било измама на гласачите и би ги свело изборите на тривијална игра.

3. Обвинувања за расизам

Трамп веќе 40 години е на мета на обвинувања за расизам. На Трамп и на неговиот татко им било судено во 1973 година, бидејќи одбиле да им издадат станови на црнци. Иако Трамп не ја признал вината, бил принуден да потпише спогодба во која се наведува дека во иднина нема да дискриминира црнци. Во 1980-тите, две казина на Трамп биле обвинети за исфрлање на црнци кога на маса биле големи играчи и големи влогови. Судот утврдил вина на едно казино, кое морало да плати казна. Во една книга, се наведува дека Трамп во 1991 година изјавил дека мрзливоста е карактеристика на црнците. Во 1989 година закупил цела страна во весник и повикал на погубување на четворица црни тинејџери, обвинети за силување на бела жена во Централ парк. Судот подоцна утврдил дека момчињата не биле виновни.

2. Верување во теорија на заговори

Основната квалификација за претседател на САД е способноста за разликување на сериозни работи во реалниот свет од параноични теории на заговори кои кружат на интернет. Доналд Трамп не успеал да го постигне ова. Во годините наназад покажал дека верува во бесмислици. Најпознатата е убедувањето на Трамп дека претседателот Барак Обама не е роден во САД. Трамп тврдел и дека климатските промени се заговор на Кина, чија цел е намалување на производството во САД, како и дека вакцините предизвикуваат аутизам кај децата, дека таткото на Тед Круз го убил Џон Кенеди и дека судијата Антонин Скали е убиен. Трамп верува и дека во Америка 42% од луѓето се невработени, но дека таа вистина се крие за Обама да изгледа подобро. Официјално, невработеноста во САД е 5%.

1. Сомнителни врски со Владимир Путин

Трамп повеќе пати го има пофалено Владимир Путин како цврст лидер, со што сугерирал дека и Обама би требало да биде како Путин. Трамп го повикал Кремљ да ги хакира мејловите на Хилари Клинтон. Кога Трамп изразуваше најголема љубов кон Путин, шеф на неговата кампања беше Пол Менафорт, човекот кој земаше големи суми пари од режимите кои ги поддржува Русија. Трамп подоцна го отпушти Менафорт, но врските со Русија не се прекинати. Тајм објави сомнителни врски на бизнисите на Трамп со руските интереси поврзани со Кремљ. Од неколку бизниси, делумно финансирани со руски „рекет”, па до соработници на Трамп поврзани со најблискиот круг на Путин, изгледа дека Трамп е интимно поврзан со Путин. Тајм дури наведе и можни врски со руски мафијаши.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе