10 работи кои не им беа достапни на родителите во минатото

Да се биде родител, денеска е многу тешко да се замисли без да се користат одредени помагала. Меѓутоа, не многу одамна, родителството беше возможно и без многу работи кои денеска и се достапни на современите луѓе.

Мајките и татковците за следење на развојот на детето, исхраната и самото одгледување, користат многу помагала, од козметика, преку играчки, па се до апликации.

Сите овие работи, се достапни благодарение на 21 век и големиот технолошки напредок, но постои цел список на работи без кои родителството денеска не може да се замисли, а нашите мајки и татковци тоа го немале.

1. Еднократни пелени

За децата родени пред деведесеттите години, на овие простори беше невозможно да се пронајдат еднократни пелени. Некои родители за да дојдат до нив патуваа дури во Австрија или Италија, а чинеа вистинско мало богатство.

2. Детски програми

Во тоа време, не постоеја канали кои 24 часа дневно емитуваат цртани филмови, а не пак опции кои овозможуваат враќање на времето на каналите наназад или снимање на омилениот цртан.

3. Мобилни уреди

Родителите денеска со помош на мобилниот телефон ја следат состојбата на бебето, истражуваат рецепти или едноставно и бргу испраќаат порака до партнерот, со листа на работи кои треба да бидат купени.

4. Модерна и лесна количка

Родителите бараат што е можно полесна и помодерна количка, која е прилагодена за сите видови на терени и која не зазема премногу простор во багажот, но тоа порано беше незамисливо.

5. Онлајн шопинг

Ако немате време да посетите продавници, без разлика дали ви требаат намирници, облека, книги или нешто друго, денеска целото тоа можете да го направите преку интернет. Нашите родители, за жал, го немаа тој луксуз.

6. Готови оброци

Ако не ви се готви, или едноставно немате време, најразлични видови на супи за бебиња, но и ручек за вас, денеска лесно можете да ги купите веќе подготвени.

7. Онлајн заедница за мајки и татковци

Постојат бројни групи на Facebook, форуми, односно постојат безброј можности ако сакате со некого да поразговарате за деца, нивно одгледување, или да размените совети.

8. Монитори за следење на бебето

Веќе подолго време немате потреба постојано да сте во собата во која е детето, а тоа е возможно благодарение на мониторите, преку кои можете да ги следите и на поголема оддалеченост.

9. Доктор Google

Иако оваа опција може да биде корисна, многумина велат дека би било подобро да не постои можност за пребарување на симптоми за одредена болест на интернет, бидејќи дијагнозите се движат од обични знаци до смртоносни симптоми, па родителите многу лесно почнуваат да паничат.

10. Видео разговори

Дали се сеќавате на летувањата, после кои со големо нетрпение се враќавте дома, бидејќи долго време не сте го виделе вашето семејство? Сите ви зборуваа дека сте пораснале и сте се измениле. Денеска, пак, на тоа можеме да заборавиме и тоа благодарение на видео повиците, преку кои лесно стапуваме во контакти и можеме да ја видиме личноста со која разговараме, иако можеби таа се наоѓа на другиот крај од светот.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе