10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за „Home Alone“

Поминаа 32 години откако е објавен најславниот божиќен филм Home Alone. Сепак, има многу детали поврзани за филмот, а за кои многумина сè уште не знаат.

Одвоивме 10 интересни работи кои веројатно не сте ги знаеле за „Home Alone“:

Со недели барале куќа за филмот

Режисерот Крис Колумбус и неговата екипа со недели барале куќа идеална за семејството Мекалистер. На крајот, ja одбрале идеалната куќа.

Во филмот се појавува и братот на Меколи Калкин

Помладиот брат на Калкин се појавува во улогата на негов братучед во филмот „Home Alone“. Киеран и Меколи заедно се појавија и во „Home Alone 2“.

Сценариото е напишано за 9 дена

Џон Хјуз првиот нацрт на сценариото го направил за само 9 дена. Филмот е напишан по семејно патување во Европа, откако сценаристот помислил што би се случило ако си го остави 10-годишниот син сам дома.

Џон Кенди повеќето сцени ги импровизирал

Remote video URL

Актерот Џон Кенди на снимањето секогаш бил подготвен за импровизација.

Во филмот требало да се појави и Роберт Де Ниро

Актерот бил еден од изборот за улогата на натрапник пред да реши продукцискиот тим улогата да му ја додели на Џо Пески. Но, режисерот додава дека Де Ниро секако никогаш не ни разгледувал да ја прифати таа улога.

Калкин го импровизирал еден од најпознатите моменти во филмот

Реакцијата на Кевин на ставањето лосион по бричење веројатно е една од најпознатите сцени во филмот, но сцената не е снимена според сценариото.

„Angles With Filthy Souls“ не постои

Филмот што Кевин одлучи да го гледа не постои, сцената на телевизорот е создадена специјално за сам дома.

Куќичката на дрво не била во дворот

Направена е специјално за филмот и потоа е урната при крајот на снимањето.

Целиот филм е снимен на подрачјето на Чикаго

Сцените кои наводно се направени на аеродром во Париз всушност се снимени во Чикаго.

Колумбус ја додал една од најтрогателните сцени

Колумбус имал прекрасна визија за ликот на старецот Марли, па го додал разговорот меѓу Кевин и него.

„Го додадов моментот кога Марли зборува за тоа дека не може да си ја види внуката. Го додадов и самиот крај на филмот, кога Кевин ќе види дека Марли е повторно со својата внука“, изјави претходно режисерот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе