116 лица во Македонија по вторпат се заразиле со коронавирус, од нив двајца починале

Од појавата на првиот случај на COVID-19 во Македонија пред една година досега, 116 лица по вторпат се заразиле со вирусот, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје за реинфекција со коронавирусот.

Д-р Гордана Кузмановска, раководителка на Секторот за контрола и превенција на заразни болести во Институтот за јавно здравје, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека меѓу случаите на реинфекција има заболени на различна возраст и тоа од 6 до 77 години, а најголем број од нив, 93 случаи, биле над 30 години.

„За формата на болеста, дали се со потешка или полесна клиничка слика, не може да се дадат прецизни податоци, бидејќи податоците со кои располагаме врз база на направените анкети не се релевантни за целото времетраење на болеста. За девет лица имаме податок дека биле хоспитализирани, а за 44 дека биле на домашно лекување. Од вкупниот број 116 реинфекции, починале две лица на возраст од 63 и 77 години“, вели д-р Кузмановска.

Досега се регистрирани 112.930 случаи на COVID-19. Тоа значи дека 0,1% од заразените по вторпат биле инфицирани со вирусот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе