133 милиони денари во ќор-сокак: Кога ќе биде готова детската градинка во прилепска Точила?

Кога ќе биде доизградена и ставена во функција детската градинка во прилепската населба „Точила“ која треба да го реши прашањето со недостиг на капацитети за сместување на децата, прашуваат граѓаните кои речиси не се упатени што се случува со овој објект вреден 133 милиони денари.

Невладината „Мултимедија прес“ преку својата иновативна иницијатива за мобилизирање на заедницата, насловена  „Информирај се, делувај за промени“ во рамките на проектот „Подршка на изборните реформи“, финансиран од Швајцарската агенција за развој, покрена работилници, анкета и петиција за ова прашање.

Според  Елизабета Филипоска, проект-менаџер дури 80 отсто од анкетираните граѓани не се информирани, а транспарентноста на институциите затаила.

– Целта е да ја подигнеме јавата свест кај граѓаните за доизградба на детската градинка во населбата Точила, зашто нејзината изградба беше двојно политичко ветување, и на претходната и на сегашната локална власт. За подигнување на јавната свест за граѓаните да делуваат кај носителите на власт, изработивме работилница и анкети. Дури 80 отсто од граѓаните не се информирани до каде е изградбата на детската градинка во населбата во Точила. Само два отсто од анкетираните знаеја за што станува збор. Нашата цел не е да бидеме за или против некого, сакаме да ја подигнеме јавната свест кај граѓаните, да ја разбудиме, повеќе да дејствуваат на секој начин: преку дебати, преку медиуми, во работата на советот, во дискусии, да го искористат правото на информации од јавен карактер и она што го ветиле политичарите да го исполнат во одредените рокови. Едноставно, поголема транспарентност на локалната самоуправа за проекти ветени и се стратегиски документи во локалниот буџет, објасни Филипоска.

Градинката беше најавено да биде готова пред околу година и половина. Роковите се пробиени. Влатко Петкоски, портпарол на локалната самоуправа вели дека Општината ги завршува обврските, а внатрешното доопремување е на Министерството за труд и социјална политика.

-Градежните работи за новата детска градинка во населбата Точила се на самиот крај. Како обврска на Општината останува она што со првичниот проект не беше предвидено, оградниот ѕид околу градинката.  Процедурата тече, има согласност и предвидени средства. Мислам дека внатрешното уредување е обврска на Министерството за труд и социјална политика. Завршена е и трафостаницата. Од целосната сума од 133 милиона денари ние лани ја плативме првата рата од 37 милиони денари, овој месец се платени уште осум милиони денари. Начинот на исплаќање не е поврзано со пуштањето во употреба, изјави Петкоски.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека целосното опремување на градинката ќе заврши за два месеца.

-Набавката, испораката и монтажата на опремата за детска градинка е дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика. Министерството распиша постапка за Јавна набавка и склучи договори за опремување со економски оператори во износ од  9.288.202 денари. Исто така ве информираме и дека испораката на опремата е во тек. Целосното опремување на објектот ќе заврши најдоцна за два месеци, стои во информацијата на Министерството.

Во шесте прилепски градинки се прифатени 1.200 деца, а на листата на чекање со од 250 до 300 деца. Градинката во прилепската населба Точила со капацитет за сместување 252 деца ќе го реши долгогодишниот проблем со сместувачки капацитет за децата во Прилеп.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе