25-ти Golden Drum: Јубилејниот Golden Drum фестивал ги објави претседателите и членовите на жирито

Интернационалниот фестивал на креативност Golden Drum ја прославува 25-годишнината и за оваа прилиак се враќа на словенското крајбрежје во Порторож. Фестивалот ќе се одржи од 17-ти до 19-ти октомври во Хотел Словенија и најавува многу новитети во програмата. Делата ќе ги оценуваат 22 врвни интернационални експерти под водство на долгогодишните пријатели на Golden Drum - Адриан Ботан и Џејми Манделбаум.

Промени во натпреварувачката програма

Golden Drum останува поделен во две секции, но Best Piece и Best Practice се развиени во пофункционално прашање: WHY (ЗОШТО) eдна работа е развиена и WHAT (ШТО) е таа?
WHAT секцијата ќе оддаде признанија и награди на најефикасните имплементации, додека WHY секцијата ќе ги избира најултимативните причини на различните комуникациски практики. Секоја секција понатаму е поделена во групи и категории кои ги рефлектираат најновите трендови во рекламната и креативната индустрија.

Адриан Ботан ќе го води жирито на WHY

Адриан Бодан е Глобален Извршен Креативен Директор во McCann Worldgroup и Претседател на European Creative Leadership Council.

Oсвен Адриан Ботан, во жирито се и Арина Авдеева, извршен директор на Friends Moscow, Али Бати, главен  креативен директор на Leo Burnet Букурешт, Романија, Арда Ердик, Претседател и извршен креативен директор на Tribal Worldwide од Истанбул, Бернд Флисер, извршен директор на JANDL од Словачка, Беата Хивес, главен оперативен директор на Union Communications од Унгарија, Јакуб Королчук, извршен креативен директор на Grey Group од Полска, Жарко Сакан, извршен директор на New Moment New Ideas Company од Србија, Маја Шаран од TBWA/YEHOSHUA од Израел, Митја Тушкеј, директор на Formitas BBDO од Словенија, Кристиана Зито, главен стратег во DDB од Шпанија.

Претседател на жирито во конкуренција на WHAT ќе биде Џејми Манделбаум

Џејми Манделбаум е главен креативен директор на Y&R Europe, каде е одговорен за креативните продукти на Y&R низ сите нивни европски канцеларии. Тој е говорник и член на жиријата на сите поголеми адвертајзинг фестивали. Неговите дела имаат освоено награди на Cannes Lions, ADC New York, The One Show, D&AD, Clios, London International, Eurobest, NY Festivals и ADC Europe.

Освен него, членови на жирито се и Изабела Албричиевич, извршен директор на Wavemaker од Полска, Сузана Албекирки, креативен директор на Uzina од Португалија, Сами Басут, креативен директор на Manajans/JWT oд Турција, Алекс Федоров, извршен директор на BBDO од Русија, Волфганг Киндерман, креативен директор на Isobar од Австрија, Марија Милушева, креативен директор на Noble Graphics TBWA од Бугарија, Наталија морозова, извршен директор на Havas Group од Украина, Aлесандро Сабини, креативен директор на McCann Италија, Мартин Светлик, дигитален креативен директор на McCann од Чешка и Јан Теулингс, глобален креативен директор на Saatchi & Saatchi од Шпанија.

Повеќе за фестивалот на www.goldendrum.com.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе