40 пациенти примени во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа

Скопје, 13 ноември 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19.

На интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа шест во ковид центарот на Клиниката за кожни болести и четири пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 10 нови пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од центрите, како што се посочува, се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент од кои 14 деца и 27 возрасни.

Вкупно 347 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Од викендот пациенти ќе почнат да се примаат и во новите ковид центри на клиниките за нефрологија и за гастроентерохепатологија, стои во соопштението.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе