477 жртви на насилна смрт во Северна Македонија во една година

Во 2018 година бројот на починати лица од насилна смрт во Северна Македонија е зголемен за 13,3 отсто, односно бројот на умрени лица изнесува 477, додека во 2017 година починати се 421 лице.

Според податоците, од Државниот завод за статистика, од последните десет години, во последните три години се забележува пад на бројот на лица кои починале од насилна смрт.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт во 2018 година, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70,4 отсто, самоубиствата со 24,3 проценти и убиствата со 5,2 отсто.

Кај категоријата самоубиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење (13,4 отсто). Во 2018 година се извршени 116 самоубиства, што може да се забележи како намалување во споредба со изминатите десет години.

Според податоците од Државниот завод за статистика, најмногу самоубиства од 2008 до 2018 се забележани во 2012 година, односно 172 регистрирани, па во 2013, 170 самоубиства.

Во однос на убиствата, во 2018 година животот им бил одземен на 25 лица, што е значително помалку споредбено со претходните десет години.

Имено, најмногу убиства се случиле во 2010 година, односно 44. Ако се земе предвид бројот на убиства во 2018 година, за разлика од изминатите десет години, само во 2013 и 2016 година се регистрирани помалку убиства, односно 18 на годишно ниво.

Во 2018 година, бројот на починати лица во категоријата на несреќни случаи изнесува 336.

Имено, гледано од податоците во последните десет години, може да се забележи дека само во 2017 година бројот на починати лица во несреќни случаи е помал во споредба со 2018 година. Најголем број починати лица во несреќни случаи е регистриран во 2010 година.

Во структурата на починати лица од насилна смрт според полот, се забележува дека, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа со 76,3 отсто.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе