Во текот на изминатото деноноќие вкупно 59 лица биле фатени како ја прекршуваат забраната за движење во полициски час.
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 160 лица.