6 причини зошто верниците стануваат атеисти

Бројот на верници во Западните земји постојано се намалува во последните години, а за сметка на тоа се зголемува бројот на атеисти. Голем број од луѓето кои стануваат атеисти, се луѓе кои порано биле религозни, а сега веќе не се. Според резултатите од истражувањата, ова се шест причини поради кои верниците стануваат атеисти.

Црквата станала премногу фокусирана на политика

Според податоците од истражувањето во САД, 16 проценти од испитаниците го загубиле интересот за верата откако забележале дека нивната верска заедница премногу се врти кон политиката. Верскиот активизам и агресивното проповедање на верата, одбиле многу луѓе од религијата.

Сексуални скандали на високите црковни претставници

Дури 19 проценти од испитаниците рекле дека извештаите за злоставување деца во Католичката црква, до тој степен ги вознемириле што решиле да го свртат грбот на религијата. Меѓу оваа група, дури 32 проценти од луѓето биле воспитувани во духот на католичката вера.

Негативниот став на црквата кон хомосексуалноста

За 29 проценти од испитаниците хомофобијата што ја забележале во своите верски заедници била пресудна за да се повлечат од религиозниот живот.

Нерелигиозна фамилија

Речиси една третина од испитаниците велат дека го свртиле грбот на религијата бидејќи никој од нивната фамилија не бил многу религиозен.

Образование

Студијата ги поделила нерелигиозните испитаници во три групи - оние што ја бојкотираат религијата, апатеистите и верниците без религија. Меѓу оние од првата група има најголем број на луѓе со високо образование (38 проценти), додека оние кои веруваат во виша сила, а не припаѓаат на ниту една конфесија има најмал број на луѓе со високо образование.

Одалечување од религиозното учење

За поголемиот дел од оние кои станале атеисти, наједноставното објаснување е и најчестото. Дури 60 проценти од испитаниците изјавиле дека се одалечиле од својата верска заедница кога ја загубиле вербата во религиозните учења.

 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе