На 16 и 17 октомври

6-ти годишен САМИТ100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа во Скопје

На 16 и 17 октомври 2017 г. Скопје ќе биде центарот на бизнис случувањата од ЈИЕ регионот и домаќин на 6-тиот по ред годишен САМИТ100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, со примарна цел да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

САМИТ100 за бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која започна во 2011 година со цел да ја поттикне бизнис заедницата од регионот да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција, а преку тоа и да ја подобри конкурентноста на националните и регионалните економии и обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани од овој дел на Европа.

По успешната траекторија која ја водеше оваа уникатна бизнис иницијатива преку Аранѓеловац во Србија, Бечичи во Црна Гора, Цавтат во Хрватска, Порторож во Словенија и Сараево во Босна и Херцеговина, оваа година САМИТ100 се сели јужно во реномираниот Скопје Мериот Хотел. 6-тиот годишен самит ќе собере околу 150 топ бизнис и политички лидери од ЈИЕ регионот, заедно со специјални гости од Европската Комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Нордерн, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и многу други, со цел да се идентификуваат клучните проекти и идеи за развој на регионот.

Темата на овогодинешното издание ќе биде CONNECTIVITY (ПОВРЗУВАЊЕ) од сите можни аспекти, вклучувајќи транспорт и бесплатно карго, проектот „Зелена Балканика“ кој цели да ја направи ЈИЕ центар за електричната мобилност во европската инфраструктура, понатаму брендирање и промоција на регионот, мобилност на луѓето, енергетика, дигитализација итн. Главен гостин на 6-тиот САМИТ100 ќе биде Еврокомесарот за транспорт Виолета Булц.

Целта на иницијативата САМИТ100 е да се позиционира регионалната соработка високо на агендата на секоја влада во регионот, поттикнувајќи специфични прашања и целејќи да постигне нов договор за новата ера кој ќе ја подобри конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

Всушност САМИТ100 бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија. Иницијатори и организатори на САМИТ100 се Алкалоид Скопје, заедно со Асоцијацијата на менаџери од Словенија, Асоцијацијата на менаџери од Србија, Хрватската асоцијација на работодавачи, Фондацијата Атлас од Црна Гора, BBI Банка и АСА Холдинг од Босна и Херцеговина.

САМИТ100 прерасна во силен бренд на регионална бизнис соработка и важна платформа за размена на идеи и поттикнување на програми за развој преку кои регионот на ЈИЕ доаѓа чекор поблиску до силна бизнис заедница, која генерира висок економски раст и креира подобар квалитет на живот за сите луѓе од Југоисточна Европа. Неговата визија е преку конструктивна соработка регионот на ЈИЕ да стане еден од најиновативните и најконкурентни во светот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе