Психопатите чинат еден процент од вкупната популација, а да се биде во врска со еден од нив е вистински предизвик. На што треба да обрнете внимание?
Внимателно обрнете внимание на однесувањето на вашиот партнер бидејќи тоа може да открие дали можеби е психопат.
Преголемо его
Ако вашиот партнер е премногу самоуверен и премногу верува во своите способности, тој може да биде психопат бидејќи има превисоко мислење за себе и често е нарцисоиден. Многу психопати работат на високи позиции поврзани со финансии.
Имаат бурно минато
Студија покажа дека хиперсексуалноста доведува до психопатија. Кога лужето имаат тенденција да имаат повеќе партнери од просекот, тоа може да доведе до психопатија. Исто така е поврзано со сексуалниот промискуитет и сексот без емоционална врска.
Бестрашни се
Психопатите често прават херојски дела бидејќи помалку се плашат од просечната популација. Причината за тоа е фокусираноста на наградата што ќе ја добијат по херојското дело.
Импулсивност
Овие луѓе реагираат поимпулсивно не размислувајќи за последиците. Чувствителни се на награди и создаваат патолошка желба за секс, социјален статус и пари.
Недостиг на емпатија
Дали сте изненадени од рамнодушноста која вашиот партнер ја покажува кон страдањето на другите луѓе? психопатите немаат сочувство како нормалните луѓе.
Недостиг на вина
Психопатите се чувствуваат виновни, но само ако донеле лоша одлука која директно ги погодува и од неа ништо не учат.
Нивниот однос кон вистината
Ако сте забележале дека партнерот ве лаже, можеби тој е психопат иако многу тешко ќе се пробие низ непочитување од негова страна. Досегашните студии покажале дека психопатите лажат многу вешто.