Скоро една година по објавување на албумот „30“, Адел конечно објави спот за песната „I Drink Wine“. Првиот впечаток е дека ова е нејзиниот најмодерен спот досега, прикажувајќи ја пејачката во вода, со чаша вино во раката.
Режисер на спотот е Џо Талбот, а Адел е облечена во тоалета на Valentino.
„Џо и јас разговаравме за идејата што тој ја оствари“, напиша стилистката Џејми Мизрахи за костимот на Instagram.
Адел објави низа фотографии од зад сцената и привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Како ви се допаѓа спотот?