Акција во Кондово, приведен 34-годишен маж

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска извршија претреси на две локации во скопското село Кондово и го лишија од слобода С.И. (34), осомничен за кривично дело „грабнување“ по чл. 141 од Кривичниот законик на РСМ, извршено на 8 септември 2020.

Како што соопшти МВР, СВР Скопје – Единица за насилен криминал претходно поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик.

На 8 септември 2020 околу 22:00 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, во организација на првопријавениот и петтопријавената, третопријавениот и четвртопријавениот со патничко возило му го пресекле патот на Б.М.(34) од Гостивар, кој бил со своето патничко возило „масерати“. Им се приклучил и второпријавениот и сите заедно физички го нападнале Б.М., по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во село Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале.

Прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот. Потоа, го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај село Желино.

По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената.

На 10 септември 2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а денеска е приведен и С.И.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе