Активисти на Левица го исчистија брегот на Тиквешкото Езеро

Активисти од ограноците на Левица и Црвена Младина од Кавадарци синоќа организираа голема еколошка работна акција со која го исчистија брегот на Тиквешкото Езеро околу инката на ХЕЦ „Тиквеш“.

„Со оваа активност сакаме да го привлечеме вниманието на институциите и организациите во Општина Кавадарци и Република Македонија за еколошки активности што би му помогнале на развојот на биодиверзитетот. За само неколку часа нашите активисти го исчистија брегот од огромна количина на пластика, собраа над 50 вреќи пластичен и метален смет и отстранија стари рибарски мрежи кои се потенцијален биоцид за водниот живот“, велат од Левица.

„Сведоци сме на системското уништување на Тиквешкото Езеро и експлоатација на водите во Република Македонија за производство на електрична енергија, а со последната енергетска криза почувствувавме од колку голема помош е најголемото вештачко езеро во државата. Сепак, ретко кога се посветува внимание на еколошкиот аспект и одлагањето на сметот од вештачките езера. Упатуваме апел и до нашите сограѓани! Вашиот пластичен и метален смет, пакувањето од пестицидите, кабастиот отпад по градежните активности, а особено рибарските мрежи одлагајте ги во контејнерите на обележаните места на Тиквешкото Езеро. Вработените од Јавното комунално претпријатие редовно го собираат отпадот. За наше заедничко добро! Учете од нас! Направете разлика!“, порачаа левичарите.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе