Активни 15.957 случаи на COVID-19, хоспитализирани над 1.000

Нов дневен рекорд од 1321 заразен со COVID-9 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15.975, а хоспитализирани 1049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3.836 тестирања, а процентот на потврдени случаи е 34,4.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 42.540. Оздравени се 25353 пациенти, а починале 1.212, од кои само вчера 26.

Речиси половина од активните случаи се во Скопје 7410. Од скопските општини, најмногу има во Аеродром со 1161, Гази Баба 1007 и Карпош 987, а најмалку се во Арачиново 20 .

Извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, покажува зголемување од 25,5 отсто на бројот на нови позитивни случаи.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години, додека најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6 отсто) лица од машки и 3.522 (48,4 отсто) од женски пол.

Евидентирани се 127 смртни случаи, што е зголемување од 41,1 отсто во однос на претходната недела.

Во болниците во моментов се лекуваат над 1000 лица потврдени или сомнителни на COVID-19.

На Инфективната клиника има 155 пациенти, од кои 134 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 27 возрасни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се 79 пациенти, а седум се на респиратор. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 пациент, на Кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола, пак, се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во меѓувреме се подобруваат сместувачките капацитети во болниците во Струмица, Гевгелија, Дебар, Ресен и Прилеп. Во Велес освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на Одделението за физикална медицина.

Во рамки на справувањето со епидемијата Владата на Република Северна Македонија усвои Информација за склучување договор со Глобалниот сојуз за вакцини (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини против COVID-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини.

Бројот на заразени од коронавирусот во светот надмина 52 милиони, излекувани се 36,6 милиони, активни се 14,4, а битката со COVID-19 ја изгубија речиси 1,3 милиони луѓе.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more
 

Вести

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе