Активни 670 случаи со COVID-19, најавени нови количини вакцини

Бројот на активни случаи со COVID-19 во државава, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера се намали на 670, а беа регистрирани само 10 новозаразени од направени 2.825 тестирања. Здравствените власти истакнуваат дека вакцинацијата дава резултати и апелираат да се почитуваат мерките за заштита. Во зависност од бројот на нови случаи, Комисијата за заразни болести ќе носи нови одлуки за олабавување на рестриктивните мерки.

-Првпат по подолго време бројот на активни случаи на COVID-19 опадна под илјада. Вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати, вели министерот за здравство Венко Филипче со апел да се продолжи да се почитуваат мерките и оние граѓани кои сѐ уште не се пријавиле за вакцинација, да го сторат тоа што поскоро.

Од регистрираните десет нови случаи на заболени од COVID-19,  пет се во Скопје, по два во Прилеп и Виница и еден во Куманово. Регистрирани се 332 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно седум починати лица.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид-центрите.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и до вчера изутрина до 8 часот имало 90 слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, нагласија вчера од Министерството за здравство.

Mинистерот Филипче  вчера најави дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини од производителот Sinovac, а како што информираше претходно во текот на неделава треба да пристигнат уште 500.000 вакцини од овој производител.

Како што јави, пак, дописникот на МИА од Белград, во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Северна Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, јави РТС.

Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Северна Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства. Пред два дена РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До завчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Северна Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

Според официјалната веб страница за вакцинација досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440.213 граѓани.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, а на починати е 5.455. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе