Активни шест пожари во скопско, прилепско, струмичко, беровско и Центар Жупа

Во земјава има шест активни пожари. Активен е пожарот кај село Раовиќ, Општина Сарај. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а чадење со помал интензитет се гледа кај Осој, на линијата меѓу селата Буковиќ кон Чајлане. Интервенираат десетина лица од ловиште „Јасен“, соопшти денеска Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На редовната попладневна прес-конференција за состојбата со пожарите до 17 часот, Вчкова информира дека е активен пожарот во атартот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп. Се работи за непристапен терен, а пожарот е активен, но е со многу слаб интензитет и сега за сега нема опасност од проширување. Таму интервенираат вработени од Шумско стопанство од Прилеп.

-На патот Ново Село-Мокриово има нов пожар, каде се опожарени овоштарници и сува трева. Дејствуваат пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Струмица, рече Вчкова.

Сè уште е активен пожарот кај село Нивичино, струмичко. Гори нискостеблеста дабова, букова и габерова шума. Пожарот го гаснат екипи од Територијалната противпожарна единица од Струмица и од Шумско стопанство Беласица.

-Истиов пожар кој започна на територија на општина Струмица се пренесе на територија на општина Берово, во месноста Готен. Во моментов е со слаб интензитет, на непристапен висок терен. Се работи за приземјен пожар каде гори деградирана шума, сува трева и деградирани шумски растенија. Засега не постои можност за проширување на пожарот, а интервенираат екипи од ШС Малешево – Берово, рече Вчкова.

Пожар има и на дива депонија во општина Центар Жупа, меѓу селата Бајрамовци и Црно Боци. Интервенира ТТПЕ од Дебар.

Под контрола е пожарот во атарот на село Држилово, општина Сопиште. Екипи од ШС Караџица и месно население или 30-тина лица се на терен и го гаснат пожарот.

Од ЦУК апелираат граѓаните ако забележат чад или оган, веднаш да пријават во најблиската надлежна институција или на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК- 195.

Апелираат овој број да не се злоуппотребува за лажни повици. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе