Александар Андов: Чест и привилегија е да се биде селектор на женската репрезентација на Македонија

Женската репрезентација на Македонија со новиот селектор го започнува циклусот на квалификации (лига фаза) за пласман на ЕУРО 2025 кое ќе се одржи во Швајцарија.

Фото: ФФМ

Александар Андов денеска и официјално ќе го има првиот тренинг со репрезентацијата како нов селектор во склоп на подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2025 година.

„Да се биде селектор, без разлика дали станува збор за млади репрезентации до 15, 17 ,19 години или А селекцијата, за мене претставува огромна чест и привилегија. Но селекторско место со себе носи и голема одговорност и сериозен пристап првенствено кон работата и обврските околу репрезентацијата“, почнува новиот селектор во интервју за ФФМ. 

„Иако имаме малку време за подготовки во пресрет на првиот натпревар од квалификациите, кој го играме на 5 април во Рига против репрезентацијата на Латвија, очекувам од сите максимално вложување и голем труд на сите тренинзи. Овие подготовки ќе ги искористиме на најдобар можен начин што подобро да се подготвиме и пред сѐ да се воиграме на тактички план“. 

„Ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, ќе се трудиме да се подобруваме во секој сегмент од играта. Треба да бидеме максимално фокусирани и желни за подобрување, да веруваме во себе. Само така ќе можеме да оствариме позитивен успех како ти“.

„Нормално е и здраво е да се има одредени промени во репрезентацијата. Ќе имаме промени околу самиот ростер на играчите, но и во самата формација. Се надевам дека пред сѐ на тактички план тие промени ќе бидат многу значајни и ќе донесат позитивни резултати и атмосфера во самата репрезентација“.

„Верувам дека само со многу труд и посветеност може да се променат работите на позитивно. Не треба од старт да имаме преголеми очекувања, преку ноќ не се менува ништо. Постепено треба да напредуваме и да се подобруваме. Нејќам да ветувам ништо, но верувам дека во иднина ќе можеме само да напредуваме и да растеме како тим“.

Женската репрезентација на Македонија на 5 април во Рига ќе ѝ гостува на Латвија, со почеток во 17 часот. На 9 април на домашен терен ја пречекуваме Словенија на тренинг центарот „Петар Милошевски“, со почеток во 15 часот.

реклама

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Read more

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Read more

Фудбал

Екс играч на Тотенхем и Виљареал се префрли на кошарка

Read more

Артуро Видал распали по Аргентинецот на клупата на Чиле

Read more

Француските навивачи повикуваат на масовен бојкот на британскиот емитер DAZN

Read more

Неочекувани маки за Серхио Рамос: Им се нуди на сите, но никој не го сака

Read more
 

Спорт

Екс играч на Тотенхем и Виљареал се префрли на кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Артуро Видал распали по Аргентинецот на клупата на Чиле

Читај повеќе

Француските навивачи повикуваат на масовен бојкот на британскиот емитер DAZN

Читај повеќе

Неочекувани маки за Серхио Рамос: Им се нуди на сите, но никој не го сака

Читај повеќе

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Читај повеќе

Бобан: Не знам што прави Ибрахимовиќ во Милан

Читај повеќе

Дали Де Роси ќе ја доживее судбината на Мурињо во Рома?

Читај повеќе
  • play_arrow

Азар исвиркан на стадионот каде се врати по 12 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кутриот Пике бел ден немал видено: Тешко е да си фудбалер, треба стануваш рано, во 9-10, и да тренираш

Читај повеќе