Alibaba ќе инвестира уште 2 милијарди долари во Турција

Кинескиот гигант за е-трговија Alibaba планира да инвестира 2 милијарди долари во Турција, најавувајќи изградба на центар за податоци и логистика во Анкара и формирање на оддел за извоз на аеродромот во Истанбул.

Инвестицијата ја најави претседателот на групацијата, Мајкл Еванс, на средба со турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган, се вели во соопштението за печатот од турскиот огранок на Alibaba. Временската рамка на инвестицијата не е наведена.

Alibaba веќе има инвестирано 1,4 милијарди долари во Турција преку нејзината подружница Trendyol, која е меѓу најпознатите онлајн продавници во Турција, рече Еванс.

Trendyol, чиј претседател Чаглајан Четин, исто така, се состана со Ердоган, рече дека Еванс ги наведе деталите за новите инвестиции, како што се изградбата на податочен и логистички центар во Анкара и формирањето на извозен центар на аеродромот во Истанбул.

Ердоган моментално се наоѓа во САД, каде во понеделник започнува 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Тагови
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе