Македонскиот фудбалски репрезентативец уште еднаш ја покажа својата хуманост, овој пат обезбедувајќи облека за настраданите од земјотресот во Турција.
Езѓан Алиоски игра за тимот на Фенербахче од Истанбул, далеку од погодените области во југоисточните делови на Турција.
Тој се вклучи во акцијата за донирање облека за преживеаните чии домови се уништени, а се наоѓаат надвор на минусни температури.
Фудбалска федерација на Македонија објави видео на кое Алиоски купува облека, ја пакува и веднаш ја испраќа за погодените области.