Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Златан Ибрахимовиќ проговори околу причините за пензионирањето, како управува со своето его и неговиот нов живот како советник во Милан.

Поранешниот шведски напаѓач ги закачи копачките на крајот од минатата сезона, завршувајќи ја импресивната 24-годишна играчка кариера во која освои голем број големи почести, вклучувајќи 5 Скудета, 4 титули во Лиг 1, и по 1 во Лига Европа и Светско клупско првенство.

Ибрахимовиќ не остана надвор од фудбалот долго, се врати неколку месеци по неговото пензионирање за да работи како советник на RedBird, сопствениците на Милан, помагајќи во насочувањето на проектот во главниот град на Ломбардија. Во последниве месеци, тој работи на тоа да ја најде вистинската замена за Стефано Пиоли.

Ибрахимовиќ се отвори

Говорејќи за подкастот „ABtalks“ на популарниот арапски јутјубер Анас Бухаш , Ибрахимовиќ прво зборуваше за својот живот откако ги закачи копачките.

„Добар сум, животот е добар, животот се однесува добро со мене. Очигледно, пред осум месеци престанав да играм фудбал, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам да играм фудбал, што беше тешка работа поради моето его, поради начинот на кој размислувам за себе“.

„Мислам дека сум најдобар, сè уште сум најдобар, би можел да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство“.

„Сакав да можам да правам работи со моите синови, бидејќи последиците по мене беа тоа што немаше да можам да правам работи со моите синови бидејќи имав проблеми со едното колено“.

„Значи, го прифатив тоа, дојдов до момент кога реков 'во ред е, пушти го и започни ново поглавје во тјвоот живот'“.

Поранешниот шведски напаѓач потоа ја прокоментира неговата преселба во позадинскиот дел на „Росонерите“.

„Потоа, неколку месеци подоцна, го запознав Џери Кардинале кој го контролира фондот RedBird што го купи Милан, и тој ми даде понуда што не можев да ја одбијам.

„Почнав да работам со Милан, и во Милан сум три или четири месеци, и тој се однесува добро со мене, морам да напоменам“.

Конечно, Ибрахимовиќ се сети и на својот поранешен агент Мино Рајола.

„Кога почина мојот агент Мино Рајола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е завршено бидејќи понекогаш добивам флешбекови“.

„Тоа ме соборува на начин што ми недостига премногу. Сите што го познаваат него и мене, разбираат колку бевме блиски. Што би рекол кога би можел да му пратам порака? Ми недостигаш“.

Во прилог, целосното гостување на Ибра во „ABtalks“:

Remote video URL
реклама

Фудбал

Бове повеќе не може да игра во Серија А, му вградија дефибрилатор

Read more

Мбапе на ливче им оставил порака на соиграчите, се очекува Билбао да биде пресвртница

Read more

Бундеслигата инкасира 4,5 милијарди евра од ТВ права

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more
 

Спорт

Бове повеќе не може да игра во Серија А, му вградија дефибрилатор

Читај повеќе

Дончиќ ќе игра за Словенија на ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Мбапе на ливче им оставил порака на соиграчите, се очекува Билбао да биде пресвртница

Читај повеќе

Бундеслигата инкасира 4,5 милијарди евра од ТВ права

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ го престигна Меџик Џонсон и направи нешто што се чека 63 години, Дончиќ брилираше

Читај повеќе
  • play_arrow

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Читај повеќе

Дали Нојер ќе ја „отслужи“ казната за црвениот картон?

Читај повеќе

ФИФА воведува трет преоден рок?

Читај повеќе

Жрепка за Светското клупско првенство: Мајами ја крои судбината на 32 екипи

Читај повеќе