Aлтернатива: Ако некој верува дека Албанците ќе ја пејат Денес над Македонија се раѓа, има проблем со перцепцијата

Орхан Муртезани од албанската партија Алтернатива порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

„Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи“, рече Муртезани.

Додаде дека што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнат дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ѝ се додворува на ДУИ за да го поддржи за уште една кандидатура.

Од Алтернатива го нарекоа Пендаровски „албанофоб“ оти побара одговорност по посетата ка Курти за организацијата.

„Пендаровски сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека им е лојален 'нив' и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот“, рече Муртезани.

Remote video URL

Посетата на косовскиот премиер ја одбележаа повеќе контроверзии, на што реагираше државниот политички врв. За време на настанот на кој улицата „Прва македонска ударна бригада“ беше преименувана во „Адем Демачи“ присутен беше Курти, а беа прекршени закони и протоколи за пречек на странски гости, не беше интонирана македонската химна, а наместо македонско знаме, се вееја само албански.

За ова, реакција имаше од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски и Кабинетот на претседателот Пендаровски, кои побараа одговорност.

Неколку часа подоцна, во Тетово, за време на посетата на Курти се вееше и знаме со т.н. „голема Албанија“, а МВР трага по лицето.

Градоначалникот Биљал Касами, кој е и организатор на настанот, потоа објави и спот со веењето на знамето, каде на Курти му посакува добредојде со песна која почнува со „Добредојде во Албанија“.

На пречекот на Курти, имаше и претставници од Алтернатива.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе