Алтернатива без поддршка за формирање заедница на албански општини, за сите останати тоа е неприфатливо

Како неприфатлив, несериозен, неевропски и неамерикански, но и обид за собирање политички поени, го оценија предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Против предлогот претходно се изјаснија сите политички субјекти во земјава.

– Вчера имавме и реакција како политичка партија, се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии - и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа, изјави вчера Ковачевски.

Од друга страна, како што рече, во Косово постои друг договор, кој исто така е потпишан помеѓу две страни и кој ги решава проблемите што постоеле во минатото во Косово.

– Ние овде заедно сме си ги уредиле правата како ќе живееме и како ќе напредуваме и врз основа на тоа сме станале земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ и безбедноста и стабилноста на нашата држава е на толку високо ниво изградена по 2001 година што земја депонент на договорите од Берлинскиот процес, кој ги потпишаа сите земји од Западен Балкан се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи. Оттука сметам дека таквиот предлог е неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански, рече премиерот.

За оние кои го заговараат тој предлог смета дека се или неинформирани или, како што рече, „недобро ги разгледале договорите што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот“.

– Ќе треба малку повеќе да се задлабочат во тоа на кој начин се решени проблемите во Северна Македонија, а на кој начин ќе бидат решени проблемите во Косово, нормално преку заемен договор помеѓу Косово и Србија со посредништво на САД и Европската Унија, додаде Ковачевски. 

Министерот Пенов, пак, смета дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ претставува обид за ловење политички поени и апелира да се внимава со таквите изјави.

– Изградивме концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани и на сите националности. Јас го разбирам моментот дека сега некој сака да лови политички поени, меѓутоа треба да се внимава со таквите изјави. Таквите барања можат да влијаат на меѓучовечките односи, кои за среќа се многу постабилни денес и претпоставувам дека граѓаните нема да се поведуваат по такви барања за декомпонирање на државата, рече Пенов.

Тој исто така информираше дека самиот учествувал во креирањето на сегашната локална самоуправа, територијална поделба и децентрализација во земјата.

Според него, тогаш на преговорите со претставници од ДУИ, меѓу кои биле и претставници од групата која сега бара некаква измена, со поддршка на САД и ЕУ и со меѓусебна согласност бил изграден концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани, на сите националности.

Претходно овој предлог на Алтернатива го одбија сите политички партии во земјава и претседателот Стево Пендаровски, а поддршка да се размисли за идејата дадоа само од таканаречената „огнена група“ од ДУИ.

Во саботата беше објавен повик од Алтернатива да се започне иницијатива за формирање Заедница на албански општини во Северна Македонија, по моделот што е предвиден да се формира ваква Заедница на српски општини во Косово.

Но, откако повикот не наиде на никаква поддршка, синоќа генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, рече дека ставот за заедница на албанските општини во земјава е негов личен, и дека не е на органите на партијата.

– За поддршката на претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на Албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија, рече Ибрахими во разговор за ТВ 21. 

Тој појаснува дека немало состанок во партијата за овој став и оти тој е само негов личен, поттикнат, како што вели, од неговите политички и интелектуални yбедувања.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе