Една од најголемите светски компании Amazon слави две децении постоење, а оние кои на време инвестирале во неа заработиле богатство.
Кога акциите на компанијата биле понудени преку иницијална јавна понуда во 1997 година, вределе само 18 долари секоја. Од скромен почеток, онлајн гигантот за малопродажба, и покрај тешкотиите, доживеал ѕвездени моменти. Оние кои вложиле 100 долари во Amazon, сега имаат акции вредни повеќе од 60 000 долари. Денес акцијата на Amazon вреди нешто помалку од 960 долари.