Повторното стапнување на човекот на Месечината во рамките на американската програма Artemis е поместено од 2024 година „најрано до 2025 година“, соопшти вчера директорот на НАСА, Бил Нелсон.
НАСА чекаше решавање на правниот спор околу развојот на систем за слетување на Месечината за да објави нова временска рамка.
„Изгубивме седум месеци поради спорот и затоа веројатно го одложивме првото слетување на луѓе најрано до 2025 година“, рече Бил Нелсон на прес-конференција.
„И од други причини“, додаде тој.
Крајниот рок за 2024 година беше поставен од администрацијата на Доналд Трамп, но тој беше „технички неостварлив“, посочи Нелсон.
Тој, исто така, го критикуваше недостатокот на средства што Конгресот ги одвои во последниве години за развој на систем за слетување на Месечината.
Тој најави и дека сега „можниот датум за полетување“ на мисијата Artemis 2, која е прва во рамките на програмата со астронаути, но нема да слета на Месечината, „до мај 2024 година“.
Оваа втора мисија, која беше планирана во 2023 година, „ќе оди најдалеку што човекот некогаш отишол“.
„Веројатно речиси 65.000 милји зад Месечината и потоа да се вратиме на Земјата“, рече Бил Нелсон.
Artemis 1, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, како што беше планирано.