Американски колеџ се извини за сликата од Хитлер на фудбалски натпревар

Државниот универзитет во Мичиген (МСУ) се извини откако фотографија на Адолф Хитлер се појави на видео-бимот пред натпревар во американски фудбал.

Сликата на нацистичкиот лидер беше прикажана како дел од тривија квиз пред натпреварот на стадионот „Спартан“ во Источен Лансинг. Фотографијата, наводно, извадна од квиз на YouTube, се користела за да се илустрира прашање за родното место на фирерот.

„МСУ е свесен дека несоодветната содржина од извор од трета страна е прикажана на видео-бимот пред почетокот на фудбалскиот натпревар. Длабоко ни е жал за содржината што беше прикажана, бидејќи тоа не ги претставува нашите институционални вредности“, рече соработникот на атлетскиот директор на МСУ, Мет Ларсон, во изјава. Тој вети дека училиштето „ќе спроведе посилни процедури за скрининг и одобрување“.

Атлетскиот директор на училиштето, Алан Халер, подоцна објави дека вработениот бил суспендиран поради инцидентот. „Сликата прикажана пред саботниот натпревар не е репрезентативна за тоа кои сме и културата што ја отелотворуваме. Како и да е, ние мора да сме свесни за нашите неуспеси и да прифатиме одговорност“, рече Халер.

Случајот привлече особено внимание поради војната помеѓу Израел и Хамас, која предизвика бран на антисемитски и исламофобични инциденти на кампусите на американските колеџи.

Привремениот претседател на МСУ, Териза К. Вудруф, исто така се извини за пропустот, велејќи дека прикажаната слика „направи многумина од нашата заедница да се чувствуваат отуѓени и небезбедни“, напиша таа во писмото цитирано од CNN.

Креаторот на The Quiz Channel на YouTube, Флорис ван Палант, изјави за CNN дека не го овластил МСУ да го користи неговиот труд, но ја бранеше содржината на квизот. „Тривија прашањето прикажано на стадионот е легитимно и императив е да не се срамиме од потемните аспекти на историјата“, рече тој. Сепак, додаде дека не би го избрал токму тоа прашање за публика во живо на стадион.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе